Малцинството од 0,2% може да стане проблем за интеграцијата во ЕУ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бугарскиот претседател денеска упати порака до Србија дека патот на земјата кон ЕУ може да биде отворен само ако се почитувале правата на Бугарите кои живеат таму.

– Бугарија е главниот мотор на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, а основниот критериум со кој ќе дадеме поддршка е состојбата на нашите сонародници во секоја земја – условите за нивниот економски и социјален развој, а пред сѐ нивниот можност да го одбранат својот национален идентитет, јазик, култура, историска меморија. Со одбрана на правата и слободите на нашите сонародници во Република Србија и спротивставувајќи се на секакви обиди за посегнување на историската вистина, Иван Николов се етаблира како вистински морален столб – рече Румен Радев на свеченото доделување на Орденот „Стара Планина“ на истакнатата личност на бугарското национално малцинство во Србија и на претседателот на Културно-информативниот центар „Босилеград“, Иван Николов, соопштија од претседателската прес-служба.

Радев додаде дека ќе продолжи активно да работи со српското државно раководство за решавање на проблемите на Бугарите во Србија.

– Бугарите во Србија и не само во Србија, денес ги доживуваат најтешките искушенија, од кои зависи дали ќе застанеме на опскурантистичката идеологија која не одвои од татковината и ја протурка границата низ цркви, гробишта, дворови и најстрашно – низ душите на луѓето – рече Иван Николов по доделувањето на орденот.

Бугарите во Србија живеат главно во две општини на југоситокот на државата – Босилеград и Димитровград. Според последниот попис од 2022 во Србија има 13.000 Бугари. Тие претставуваа 0,2 отсто од вкупното население во Србија. Бројката на Бугарите во Србија постојано се намалува од 1950-те до денес. Во 1953 имало 60.000 Бугари, а во 1991 – 26.700.

Share This Article