Малопродажните цени на бензините и на дизелот, од полноќ се зголемуваат за 1,00 денар по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на бензинот од типот „еуросупер-95“ ќе биде 75,50 денари, на „еуросупер-98“ ќе изнесува 77,50, а „еуродизел (Д-Е V)“ ќе се продава за 68,50 денари за литар.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 1,50 денари и ќе изнесува 68,50 денари за литар.
За 1,108 денари поскапува и Мазутот М-1 НС, и еден килограм ќе чини 42,780 денари.