Гасот за стопанството во Србија ќе поевтини од 1 мај поради промена на методологијата за пресметување на цената на тој енергенс, најави денеска министерот за финансии Синиша Мали.
Како еден од најважните резултати од посетата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на Србија, која заврши вчера, тој го истакна постигнатиот договор за промена на методологијата за пресметување на цените на бензинот за стопанството.
„Тоа ќе ги намали трошоците за овој енергетски производ, а уште повеќе, ќе поттикне создавање дополнителни работни места“, изјави Мали за ТВ Пинк.По повод третиот преглед на стенд бај аранжманот со ММФ, Мали рече дека генерална оценка е дека Србија и покрај сите предизвици ја задржала макроекономската стабилност.
„Имаме пари на сметката, растеме како економија, инфлацијата се намалува. Ние сме на вистинскиот пат и п