More

    „Мали Бујар“ Сали ќе изнајдел пари за неплатената струја на клинички, што правиме со останатите болници?!

    spot_img

    Се работи на решавање на проблемот со заостанатиот долг за електрична енергија на клиниките во склоп на Клиничкиот центар „Мајка Тереза”, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали. Тој појасни дека проблемот е кај дел од клиниките кои набавуваат струја преку заеднички служби.

    – Еден дел од клиниките набавуваат електрична енергија директно од набавувачи, додека друг дел се преку заеднички служби. Во делот на заедничките служби, поради наталожен долг во период на ковид-пандемија се соочиле со отежнато функционирање во делот на финансиското менаџирање – рече Сали.

    Министерот Мали Бујар додаде дека Фондот за здравствено осигурување е во комуникација со клиниките и се бара начин како да се надополнат буџетите, со цел да се подмират долговите.

    – Долговите се наталожени бидејќи во последните три години во време на ковид-пандемија не можевме да организираме добро менаџирање, а тука е и енергетската криза што за 500 проценти ја поскапе електричната енергија – изјави Сали.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img