Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Киев во одреден момент ќе мора да седне на преговарачка маса со Москва за да се обиде да стави крај на војната меѓу двете земји.
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговите претставници ќе мора да преговараат со Русија – нагласи денеска Макрон за време на посетата на Романија и на Молдавија.
Францускиот претседател вчера ја започна тридневната посета на јужното крило на НАТО во Романија, при што ќе престојува и во Молдавија, а утре најверојатно ќе замине за Киев, каде се очекуваат германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги.
Макрон се обидува да одржи дијалог со рускиот претседател Владимир Путин од почетокот на војната.