„Прво и основно, ние мора да се чувствуваме заштитени, бидејќи сме нуклеарна сила. Ние сме подготвени и имаме доктрина да користиме нуклеарно оружје“:
Вака одговори францускиот претседател Емануел Макрон во врска со неодамнешнинте закани на рускиот лидер Владимир Путин кој трече дека ако САД испрашат копнени сили во Украина Русија е „технички подготвена за нуклеарна војна“.
Макрон во интервјуто за француските телевизиите ТФ1 и Франц 2 рече дека кога станува збор за нуклеарно оружје, нема потреба од фалење.
Изминатите недели Макрон ја разбранува јавноста во Европа со изјавата дека за Франција сите опции се отворени, дури и испраќањето војници во Украина, a неговата идеја ја одбија неколку членки на Унијата.
Вчера Макрон изјави дека Европа мора да се подготви за војна доколку сака мир, нарекувајќи го рускиот претседател Владимир Путин противник кој нема да застане во Украина доколку Русија излезе како победник.