Макрон: Неблагодарен дијалог со Путин, цинизам присутен во секој разговор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Францускиот претседател Емануел Макрон укажа на „неблагодарниот“ дијалог што го води со неговиот руски колега Владимир Путин и неговиот „цинизам“, наведувајќи дека предлогот за хуманитарна операција во Мариупол е „експлицитно отфрлен“.

„Улогата во дијалогот со рускиот претседател е неблагодарна, поминувам часови во разговори. „Цинизмот е присутен во секој разговор, никогаш не е нешто пријатно… но тоа е моја должност“, изјави синоќа Макром за францускиот весник „Паризиен“.

Тој додаде дека не очекува никакво решение на руско-украинскиот конфликт пред средината на мај, нагласувајќи дека дијалогот ќе биде корисен во подготовката за „мирот утре“.

Макрон рече дека руската страна ги отфрлила предложените хуманитарни коридори за Мариупол и дека московските власти „бираат луѓе“ кои подоцна од таму ќе ги однесат во Русија.

„Кога Франција предлага хуманитарна операција во Мариупол и добива експлицитно отфрлање од рускиот претседател, барем работите се јасни“, рече Макрон.

Тој рече дека Франција предложила коридор со Меѓународниот Црвен крст, што Русија го одбила, што, како што додаде, дипломатски ја изолира.

Макрон ова го изјави вчера, во време кога Москва ги нарече „апсурдни“ изјавите на портпаролот на француската влада Габриел Аталус за „наводниот недостаток на руско одобрение за евакуација на цивили од Мариупол“. „Руската страна е подготвена да спроведе хуманитарни коридори во која било насока што е можно поскоро и да обезбеди безбедна евакуација на цивилите“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Руската армија и нејзините сепаратистички сојузници со недели го опсадуваат Мариупол, каде што наидоа на силен украински отпор. Хуманитарната состојба во тој град според двете страни е катастрофална, а градот во голема мера е уништен.

Share This Article