Францускиот претседател Емануел Макрон и 70-годишна сопруга Брижит се одмораат на островот Поркерол, во близина на популарната француска ривиера.
Папараците ги снимија на јахта и ја „уловија“ Брижит како носи сина кошула и повторно кратко бело здолниште.
Инаку, мини здолништата се еден од заштитните знаци на сопругата на францускиот претседател, која секогаш и поправа објавите дека носи мини, истакнувајќи дека носи сукњи над колена.
Според најновите фотографии од нивниот лежерен одмор, може да се забележи дека Макрон се уште и го посветува сето внимание и нежности на неговата 25 години постара сопруга.
Двојката важи за една од најконтроверзните. Се запознале кога Емануел имал само 16 години, а Брижит му била учителка. Во брак се од 2007 година.
Брижит Макрон има три деца и седум внуци од претходниот брак.