Францускиот претседател Емануел Макрон ќе пристигне во Катар за да присуствува на натпреварот меѓу француската и мароканската репрезентација, изјави француската министерка за спорт Амели Удеа-Кастера за радиото „Франс Инфо”.
– Деталите за патувањето се уште се разработуваат, но тој ја презеде оваа обврска и ќе ја исполни со задоволство – рече министерката.
Франција синоќа ја победи Англија со 2:1 во четвртфиналето на Светското првенство во 2022 година.
Во полуфиналето Франција ќе игра против Мароко. Средбата ќе се одржи в среда на 14 декември.