More

    Макрон ја потпиша пензиската реформа

    spot_img

    Францускиот претседател Емануел Макрон рано утринава го потпиша многу непопуларниот закон за пензиски реформи, со што старосната граница за пензионирање се зголемува од 62 на 64 години, јави Би-Би-Си.

    Макрон го потпиша законот неколку часа откако реформата беше одобрена од Уставниот совет.

    Францускиот Уставен совет вчера го одобри главниот дел од планот за пензиски реформи, вклучително и контроверзното зголемување на старосната граница, против која синдикатите, опозицијата и демонстрантите протестираат со месеци.

    Членовите на Уставниот совет цензурираа низа помалку важни аспекти на реформата, дали не ја отфрлија главната мерка со која старосната граница за пензионирање се зголемува од 62 на 64 години, пренесе Франс прес.

    По одлуката на Уставниот совет, демонстрантите запалија огнови низ Париз и беа уапсени 112 лица.

    Синдикатите ветија дека ќе се спротивстават на реформите и ги повикаа работниците во Франција да се вратат на улиците на 1 мај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img