Макрон изрази надеж дека преговорите со Путин за ставање крај на војната се сè уште можни

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за Еј-Би-Си изрази надеж дека преговорите со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на војната се сè уште можни. Макрон рече дека е „голема грешка на Путин што ја започна инвазијата на Украина”.

Во интервјуто Макрон зборува за неговата посета на Вашингтон и за зајакнувањето на Франција како најстар сојузник на САД, особено за време на војната меѓу Русија и Украина.

– Добриот мир не е мир што двете страни нема да го прифатат на среден и долг рок – рече Макрон одговарајќи на новинарско прашање за неговата визија за успешни мировни преговори.
– Мислам дека претседателот Путин направи голема грешка со започнувањето на оваа војна – рече Макрон, спомнувајќи ги договорите од Минск меѓу Украина и Русија по 2014 година во обид да се спречи војна. Путин оттогаш кажува дека не го признава тој договор.

– Имаше политички и дипломатски процес во кој беше вклучена меѓународната заедница. И тој одлучи сам, врз основа на лажен наратив, велејќи дека НАТО ќе ја искористи Украина за да ја нападне Русија, што е сосема неточно – рече Макрон.

На прашањето дали човек кој е способен да донесе таква погрешна одлука е способен да преговара за мир, Макрон одговори дека „сепак се надева дека Путин ќе биде рационален во преговорите за ставање крај на војната”.

– Путин е долго време на чело на Русија, го познава својот народ. Згреши што ја нападна Украина. Можно ли е враќање на преговарачка маса со Путин? Мислам дека сè уште е можно – изјави Макрон за Еј-Би-Си.

Share This Article