More

    Макрон испрати остра порака по победата на Трамп

    spot_img

    Францускиот претседател Емануел Макрон упати драматичен апел до европските лидери еден ден по убедливата победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Макрон, пренесува АФП, на состанокот со европските лидери во Будимпешта рекол дека „Европа не може засекогаш да ја делегира својата безбедност на САД“.

    Тој додаде дека Европа мора да ја преземе контролата врз сопствената историја во, според него, одлучувачки момент за континентот.

    – Дали сакаме да читаме историја напишана од другите, војни започнати од Владимир Путин, избори во САД, кинески технолошки или трговски потези… или сакаме да ја напишеме нашата сопствена историја? Мислам дека имаме сила да ја напишеме сопствената историја – рече Макрон на самитот на Европската политичка заедница.

    Францускиот претседател тврди дека новиот американски претседател „легитимно ќе ги брани интересите на американскиот народ“ и ги праша европските лидери:

    – Дали сме подготвени да ги браниме интересите на европскиот народ?

    Францускиот претседател им порача на европските лидери дека европскиот континент мора да ја воспостави својата безбедносна независност од САД и да ги брани сопствените интереси пред оние на своите геополитички ривали.

    – Победата на Украинците во војната против Русија е во најдобар интерес на Европа, Нашиот интерес е Русија да не победи – изјави Макрон на самитот со европските лидери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img