More

    Макрон и Ковачевски се согласиле дека одложувањето на преговорите би имало сериозни последици

    spot_img
    Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше телефонски разговор со претседателот на Република Франција Емануел Макрон со кој се согласиле дека нема време за губење и потенцирале дека натамошното одложување на почетокот на преговорите за членство на земјава во ЕУ може да има сериозни регионални последици и широко ја отвора вратата за зголемено влијание на трети страни во регионот.
    Тоа, нагласиле, прашањето за проширување на ЕУ со Западен Балкан го прави сериозно безбедносно прашање, соопшти денеска владината прес-служба.
    Ковачевски на средбата, го нагласил интензивниот политички дијалог во последните неколку години и ангажманот на претседателот Макрон и Република Франција во однос на процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонијa.На средбата се разговарало и за билатералните односи, при што било оценето дека традиционалното пријателство меѓу двете земји, се збогатува со интензивирање на економската соработка која во изминатата година доби ново поглавје со влегувањето на Француската агенција за развој во Северна Македонија.
    Премиерот Ковачевски му ја честитал победата на Макрон на претседателските избори и му посакал успешен втор мандат како шеф на државата. Тој изразил честитки и за изборот на премиерката на Француската Република, Елизабет Борн и истакнал дека од воспоставувањето на дипломатските односи пред 29 години, двете земји негуваат силни билатерални односи.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img