More

    Макрон „го придобива“ Путин во Москва

    spot_img

    Францускиот претседател Емануел Макрон, најистакнатиот западен лидер кој ја посети Москва по руското воено засилување долж границата со Украина, вечерва на својот домаќин во Кремљ, рускиот претседател Владимир Путин, му порача дека неговата цел е да се избегне војна и да се изгради довербата.

    Путин, пак, истакна дека Русија и Франција споделуваат „загриженост за тоа што се случува во европската безбедносна сфера“.

    – Гледам колку напори прават француското раководство и претседателот во моментов за да ја решат кризата за обезбедување еднаква безбедност во Европа за сериозна историска перспектива – рече Путин.

    Макрон, кој најверојатно повторно ќе се кандидира на претседателските избори во април, се позиционираше како потенцијален посредник, а француските власти изразија скептицизам за оценката на Вашингтон, Лондон и другите западни престолнини дека руски напад е неизбежен.

    – Геополитичката цел на денешна Русија очигледно не е Украина, туку разјаснувањето на правилата за кохабитација со НАТО и ЕУ, изјави Макрон за „Журнал ду Диманш“ пред посетата на Москва.

    По пристигнувањето во Москва, тој на новинарите им соопшти дека е „разумен оптимист, но не верувам во спонтани чуда“.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред разговорите изјави дека „ситуацијата е премногу сложена за да се очекуваат големи промени за време на една средба“.

    Русија распореди повеќе од 100.000 војници во близина на границата со Украина, но ги отфрла наводите дека планира инвазија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img