More

    Макрон ги „искаса“ САД и Кина: Европејците се единствените кои плаќаат

    spot_img

    Францускиот претседател Емануел Макрон изјави на маргините на состанокот COP27 во Шарм ел Шеик, Египет, дека сака да „врши притисок“ врз „богатите неевропски земји“ да го дадат својот „дел“ од помошта за сиромашните земји кои се соочуваат со климатските промени. .

    Европејците „се единствените кои плаќаат“, рече Макрон во разговор со младите во Шарм ел Шеик, наведувајќи дека е потребен придонесот на САД и Кина.

    „Треба да извршиме притисок врз богатите неевропски земји и да им кажеме дека мора да го платат својот дел“, рече Макрон.

    Конференцијата на Обединетите нации за климата (COP27) почна вчера со повик до земјите да преминат од „ветената ера во имплементација“.

    Предвидено е повеќе од 120 светски лидери да одржат говори на конференцијата во Шарм ел Шеик. Ќе присуствуваат околу 40.000 луѓе, но некои активисти се воздржани поради загриженоста за состојбата со човековите права во Египет.

    Конференцијата ќе трае до 18 ноември.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img