Макрон бара политички компромис за јасно мнозинство

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли идејата за влада на национално единство. Тој оцени дека тоа не е оправдано решение за излегување од криза по парламентарните избори одржани во неделата. Истовремено, Макрон повика на компромис со политичките сили во земјата за да се дојде до „јасно мнозинство“.

Во обраќањето до Французите, за првпат откако неговата партија го изгуби парламентарното мнозинство, Макрон призна дека постојат зголемени „поделби“ по изборите и ја повика политичката класа да научи да владее и да донесува закони поинаку.

Партијата на францускиот претседател не освои апсолутно мнозинство во Националното собрание и мора да формира сојузи, или од случај до случај, или во во рамките на коалиција.

Според конечните резултати од изборите, центристите на Макрон осовија најмногу пратенички места, 245 од вкупно 577, но, за апсолутно мнозинство неопходни се најмалку 289 места. На второ место е левичарската коалиција, Нова народна еколошка и социјална унија (Нупес) со 131 место. Десничарската партија на Националниот собир со лидерката Марин Ле Пен доби 89 места, а десничарските републиканци имаат 61 пратеник.

– Треба да се градат компромиси, збогатување со амандмани, но тоа да се прави потполно транспарентно, можам да кажам на отворено небо, со желбата за обединување и дејствување за нацијата – истакна претседателот во кусото телевизиско обраќање.

Тој на политичките сили им посочи на нивната одговорност.

– За корисно да се оди напред, сега политичките групи треба транспарентно да се изјаснат до каде се подготвени да одат – додаде Макрон.

Тој нагласи и дека слуша и е подготвен да ја преземе „желбата за промена, што земјата јасно ја изрази“. Макрон потсети и дека разговарал со лидерите на сите политички групи и оти тие изразиле почит за француските институции и желба да се избегне блокада на земјата.

Макрон најави дека веќе летово треба да се донесе закон за куповна моќ и подобра плата, да се донесат првите одлуки за целосно вработување, да се направи силен избор за енергијата и климата и да се воспостават итни мерки за здравјето, без разлика дали станува збор за болниците или за епидемија.

- Advertisement -
Ad image

Според него, Владата ќе почне да го гради овој нов метод и нова конфигурација, кога ќе се врати од Самитот на ЕУ во Брисел, што треба да се одржи денеска и утре.

Share This Article