Продолжениот викенд голем дел од граѓаните од земјава ќе го искористат да прошетаат надвор од земјава. Од утрово граничниот премин Богородица e преплавен од автомобили. Според информациите на терен се чека и повеќе од еден час за влез во Грција.
Граничарите ги пропуштаат граѓаните во пет колони. Поминувањето оди бавно, а редицата на моменти е километарска.
Според АМСМ, ова е единствениот граничен премин каде е забележана гужва од утринава. На Табановце, Пелинце, Дојран, Меџитлија, Дебе Баир, Ќафасан, Делчево, Ново Село, Блаце – времето на чекање е минимално.