Македонското знаме се вееше на Анапурна

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Членот на Македонската академија на науките и уметностите доктор Сашко Кедев повторно се искачи на врвот на светот, а овојпат друштво му правеше и поранешната министерка за култура Ганка Цветанова.

Во информацијата за освојувањето на Анапурна, проф. Кедев е запишан како учесник во експедицијата од Македонија.

Професорот и врвен светски кардиолог се искачи на еден од десетте највисоки врвови на Хималаите и светот, Анапурна.

Ова е прва експедиција во 2023 година што го освојува врвот Анапурна.

Професорот Кедев е дел од експедиција со 4 други планинари и 7 шерпаси, односно локални водичи.

Анапурна е низа од планински врвови во Непал на венецот Хималаи, од кои највисокиот, Анапурна I, претставува еден од четиринаесетте планински врвови повисоки од 8000 метри, и со висина од 8091 метар е десеттата највисока планина на светот. Сместена е источно од големиот кањон на реката Кали Гандаки, кој го дели од масивот Даулагири.

Предходно професорот Кедев се искачи на сите највисоки врвови на сите светски континенти а во повеќе наврати се искачи на најтешките и највисоки врвови на Хималаите и со тоа на светот.

Share This Article