More

    Македонското вино се пие во 40 држави

    spot_img

    Винарството е стратешки важен сектор за економијата во државата и целта на Владата е да го зголеми производството и извозот на вино, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград.

    – Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена. Македонија е на 22 место во светот по производство на вино и на 29 место по извоз. Девизниот прилив од извоз на вино за 2023 година изнесуваше над 57 милиони евра, а македонските вина се продаваат во преку 40 држави, најмногу на Балканот – изјави Трипуновски.

    Тој најави дека Владата ќе работи посветено на секторот винарство, кој, како што рече, е втора најзначајна гранка во земјата.

    Трипуновски истакна дека оваа година на саемот во Белград се претставуваат 80 винарски визби, од кои 68 се мали семејни винарии, а 12 се дел од Здружението „Wines od Macedonia“. За првпат на оваа манифестација има и изложувачи на македонска традиционална храна.

    „Винска визија на Отворен Балкан“ се одржува од 22 до 24 ноември на Белградскиот саем. На третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам има 650 изложувачи од 38 земји.

    Од Македонија учествуваат 80 винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.

    Еден од најатрактивните сегменти на саемот е доделувањето на Винскиот трофеј на Отворен Балкан, што ќе се одржи денеска. Ќе бидат прогласени најдобрите вина на фестивалот, а жирито составено од 26 меѓународни вински експерти, меѓу кои и шестмина носители на титулата „Мастер на виното“, ќе оцени речиси 1.000 примероци вино.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img