Македонското МНР вели дека нема информации за учество на наши државјани во војната Украина, коментирајќи го новиот список на 79 лица кој го објави Русија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонското МНР вели дека нема информации за учество на наши државјани во војната Украина, коментирајќи го новиот список на 79 лица кој го објави Русија. Според руското министерство за одбрана, 26 од платениците се елиминирани, вратени се 21, а според податоците до 5 август, активни на фронтот се 32 лица од земјава.

Од МНР за 360 степени велат дека штом имаат информации ќе ја информираат јавноста.

„Министерството за надворешни работи не располага со релевантни информации поврзани со евентуално учество на наши државјани во војната во Украина, ниту загинати наши државјани во војна. МНР постојано и внимателно ја следи ситуацијата преку амбасадата во Украина. Штом има нови информации јавноста ќе биде информирана“, велат од МНР.

Инаку, платеници во Украина има и од Албанија, Хрватска, Полска, Италија, Романија, Финска, Латвија и други земји. Според рускиот список, од Косово во Украина досега се бореле 156 лица од кои 72 или речиси една половина се убиени.

Share This Article