Македонските војници почнаа со пребарување и спасување во Туркије

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Тимот на Армијата за пребарување и спасување кој вчера во доцните попладневни часови пристигна во Карахкамраш која е една од областите кои се најповеќе погодени од катастрофалните земјотреси кои се случија во Туркије, во текот на денешниот ден ги отпочна активностите за преребарување и извлекување на жртвите.

Армискиот тим составен од 24 армиски припадници од составот на баталјонот за специјални сили и двајца инструктори од командата за обука и доктрини со две службени кучиња заедно со сите вклучени го пребаруваат теренот во градот Кахраманмарас и пожртвувано се ангажираат на пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните кои се наоѓаат во рушевините.

– Армиските припадници на теренот ја искажуваат својата одлучност и обученост професионално да ја извршат задачата и да го употребат целиот свој максимум во пронаоѓање на настраданите и на секој можен начин да помогнат на граѓаните на сојузничка Туркије – се вели во соопштението до Министерството за одбрана.

Надеж дека во текот на пребарувањето ќе се спасат човечки живот каде секој момент е драгоцен, даваат и службени кучиња од расата белгиски овчар и лабрадор, кои заедно со инструкторите се обучени токму за пронаоѓање лица во елементарни непогоди.

Share This Article