Македонските ракометарки ги почнуваат настапите на Еуро 2022

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе го има својот прв настап на Европското првенство 2022.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски” во Скопје ќе се соочат со Франција. Иако Французинките важат за апсолутни фаворитки, Македонките најавија борбена игра и максимално залагање во обидот да направат изненадување.

Нашите репрезентативки апелираат до навивачите да дојдат во салата во што поголем број и да им дадат поддршка.

– Со срце за Македонија – порачаа од таборот на македонската репрезентација.

Ова ќе биде натпревар од Ц-групата која се игра во Скопје. Во терминот од 20:30 часот, исто така во „Борис Трајковски” ќе играат Холандија и Романија.

Инаку, на првиот натпреварувачки ден на ЕХФ Еуро 2022 постигнати се овие резултати:
Данска – Словенија 26:28
Унгарија – Швајцарија 33:28
Норвешка – Хрватска 32:23
Шведска – Србија 27:21.

Share This Article