По вчерашната драма на летот од Цирих-Скопје кога авиот беше погоден од гром и принудно вратен, македонските одбојкари денеска безбедно слетаа во Скопје.
„Посилни од громовите“- стои во пораката што ја испратија членовите на македонската одбојкарска репрезентација објавена по пристигнувањето на скопскиот аеродром.
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија вчера имаше проблеми со летот од Цирих кога гром удри во нивниот авион на враќањето од Белгија, па мораа да се вратат кон швајцарскиот град и таму да ја поминат ноќта, а утрово со друг лет да тргнат за Скопје.
Македонија во Белгија ги одигра првите два натпревари од Златната лига во кои забележавме победа и пораз.
Популарните „спартанци“ немаат многу време за одмор бидејќи за 38 часа по пристигнувањето, тргнуваат на пат за Хрватска.