More

    Македонските Бугари му се обратија на Вархеји, бараат средба

    spot_img

    Невладините организации на Бугарите во Македонија побарале средба со Оливер Вархеји, комесар за соседски прашања и проширување на ЕУ, поради, како што тие наведуваат, институционалната омраза и систематската дискриминација кон нив, објави БГНЕС.

    Во своето писмо тие нагласуваат дека во нивната татковина нема желба за дијалог со нив од страна на локалната и централната власт. Агенцијата БГНЕС го објави целосниот текст од писмото што македонските Бугари му го пратиле на Вархеји:

    „Почитуван комесару,

    Ве молиме дозволете ни да се претставиме!

    Ние сме претставници на невладините организации отворено идентификувани како бугарската заедница во РСМ. Охрабрени од вашата неодамнешна изјава и подготвеност да нè примите, ви пристапуваме со намера и се надеваме дека таквата средба ќе се одржи што е можно поскоро, се разбира, под услов и вие да можете. Секојдневното стигматизирање на нашата бугарска заедница и неможноста да се воспостави дијалог со локалните и националните власти создава предизвици за нашата заедница кои често ги надминуваат нашите индивидуални и колективни можности. Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на РСМ, кои не се плашат и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го браниме нашето македонско бугарско наследство и идентитет.

    Почитуван г. Со нетрпение очекуваме да го добиеме вашиот предлог за состанок.

    Со почит,

    Петар Колев – Друштво за македонско-бугарско пријателство

    Љупчо Георгиевски – Центар за култура „Иван Михајлов“ – Битола

    Добре Митрев – Македонско-бугарско пријателство – Скопје

    Љупчо Куртелов – Балкански хоризонти – Охрид

    Владимир Перев – Коридор 8- Скопје

    Томе Блажевски – Цар Борис III – Охрид

    Јован Николов – Здружение „Дело“ – Скопје

    Елизабета Величкова – Трибина – Прилеп

    Маринела Петреска – Друштво за македонско-бугарско пријателство – Битола

    Владо Треневски – Интеракција – Охрид

    Столе Велков Фондација „Единство“ – Кочани.

    фото: БГНЕС

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img