More

    Македонскиот репрезентативец го доби натпреварот, ама го загуби „кецот“

    spot_img

    Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски и неговиот кошаркарски клуб Вашингтон се пласираа меѓу осумте најдобри на турнирот од Пак-12 конференцијата во Лас Вегас, а против Универзитетот Калифорнија славеа со 69-52 и втора година по ред го елиминираат истиот ривал во првата рунда од плеј-офот.

    Јакимовски одигра 29 минути, постигна 10 поени и имаше 4 скокови, но на теренот токму нему му се случи нешто што ќе го памети целиот живот.

    При еден скок под кошот, Јакимовски се судри со противничкиот кошаркар и предниот заб му летна на паркетот.

    На теренот веднаш истрча медицинската екипа и му пружи лекарска помош на Македонецот.

    Инаку, Јакимовски е роден во Крива Паланка, има 22 години и е член на италијанскиот клуб Баскет Торино, но сега е на позајмица во Торино Кампус Пиемонте. Игра на позиција бек и крилен центар, а висок е точно 2 метри.

     

    Младинска кариера

    Младинската кариера ја започнал на седум години во младинските екипи на КК Крива Паланка. Во дресот на Крива Паланка настапувал во младинските лиги од сезоната 2010/11 до сезоната 2013/14. Потоа се преселил во Феникс 2010 од Скопје за сезоната 2014/15.

    Поради добрите игри за време на Европската младинска лига која била одржана во септември 2016 година, во декември Јакимовски потпишал четиригодишен договор со клубот ПМС Монкалиери (подоцна реформиран и познат под името Реале Мутуа Баскет Торино), во кој настапувал за младинската екипа.

    Потоа настапувал и во Торино Кампус Пиемонте. Во сезоната 2019/20, иако Андреј бил кошаркар на Торино Баскет, тој бил позајмен во својот претходен клуб Кампус Пиемонте. На еден натпревар во декември, тој завршил со индекс 57, со постигнати 42 и остварени 20 скокови. Со тоа, Јакимовски бил прогласен за најкорисен играч на колото.

    Сениорска кариера

    Во првата полусезона од сезоната 2016/17, односно сè до заминувањето во Италија, Јакимовски се натпреварувал во Втората македонска лига како играч на Феникс 2010.

    На крајот на август 2019 година, Андреј потпишал професионален договор со второлигашкиот клуб Реале Мутуа Баскет Торино. Тој бил вклучен во сениорската екипа на Торино Баскет сè до 22 декември 2019 година.

    Во јануари 2020 година, Андреј бил поканет од Ректоратот на Вашингтон Стејт Универзитетот со можност да стане нивен студент односно нивен член на кошаркарската секција на Универзитетот. Во јуни, тој потпишал за Универзитетот Вашингтон, односно нивната кошаркарска екипа Кугарс.

    Младинска репрезентација

    На негови 14 години, Јакимовски бил вклучен во македонската репрезентација под 14 години. Подоцна тој бил повикан во македонската репрезентација под 16 години.

    За време на Европското првенство под 2018 години – Б дивизија во 2019 година, кога македонската репрезентација завршила на четвртото место, откако Андреј Јакимовски бил најдобар стрелец, највисок просечен индекс и трет најдобар скокач, тој бил избран во најдобрата петорка на Првеството.

    Сениорска репрезентација

    Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Јакимовски. Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img