More

    Македонскиот премиер Христијан Мицкоски имаше средба со српскиот претседател Александар Вучиќ на Меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“

    spot_img

    Македонскиот премиер Христијан Мицкоски имаше средба со српскиот претседател Александар Вучиќ на Меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“. На средбата станало збор за битни економски прашања, за политичка соработка, а aкцент бил ставен на проектот за изградба на пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја.

    „Имав средба со Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Двете држави немаат отворени прашања, а односите се базираат на меѓусебно почитување и пријателство. Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи и да градиме иднина за нашите граѓани“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

    За средбата се огласи и Вучиќ. Тој спомна дека се зборувало и за подобрување на  трговската размена и за соработка во енергетиката.

    „Со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски за зајакнување на односите и заеднички иницијативи за постабилна иднина на нашите граѓани. Разговаравме за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент на изградбата на пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја која би ги поврзала јужна и централна Европа, како и за подобрување на трговската размена и соработка на полето на енергетиката“, се наведува на официјалниот Инстаграм профил на претседателот на Србија.

    Српскиот претседател посочува дека се согласилеоти солидарноста и меѓусебната поддршка се клучни за стабилноста и развојот на целиот регион.

    „Особено сум благодарен за фактот што Северна Македонија е еден од клучните партнери во иницијативата Отворен Балкан, која стана симбол на силна регионална соработка и поврзување на Западен Балкан. Нашата заедничка цел е подобра иднина за сите граѓани, а соработката преку иницијативата Отворен Балкан и други проекти останува цврста основа врз која ја градиме иднината на целиот регион. Убеден сум дека ќе продолжиме да ги развиваме односите во духот на пријателството и партнерството“, наведува Вучиќ.

    Мицкоски е во дводневна посета на Србија, а ќе има средба и со српскиот премиер Милош Вучевиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img