Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски и неговата сопруга Марина го добија второто заедничко дете.
По синот Стефан, кој го добија во април минатата година, сопругата Марина на свет донесе девојче, на кое му го дадоа името Емилија.
Кајмакоски во саботата објави на социјалните мрежи дека доби ќерка.
„Па, најголемата авантура на мојот живот започна. До мојата прекрасна сопруга – Марина ти си нашиот херој, те сакам“, напиша Кајмакоски во објавата на Инстаграм.
Во втората објава Кајмакоски напиша дека Марина и новородената ќерка веќе пристигнале дома.
„Девојките пристигнаа кај нас дома. Ви благодарам на сите за убавите честитки. Да живее Љубовта“, напиша Кајмакоски во описот на идиличната семејна фотографија.
Кајмакоски со неговата втора сопруга Марина, го имаат синот Стефан. Пејачот веќе неколку години со саканата живее во Србија.
Да потсетиме, Даниел Кајмакоски претходно беше во брак со манекенката Кристина Димитријевска, со која има едно дете – синот Давид.