Maкедонскиот фудбалер Кристијан Велиновски кој настапува за екипата на Сумгаит од Азербејџан, доживеа тешка повреда и го чека подолга пауза од фудбалските терени.
На натпреварот на Сумгаит против Ел Лерик, Велиновски во пробив со топката беше грубо фаулиран од противнички играч при што доби силен удар што му ја скрши коската на левата нога.
За македонскиот фудбалер сезоната е завршена, а според првите прогнози рехабилитацијата од тешката повреда ќе трае од 9 месеци до една година.