Македонскиот државјанин Д.Л. (21) кој синоќа беше ранет во улична престрелка во Белград е во Ургентниот центар на хируршки третман, информираат српските медиуми кои претпоставуваат дека македонскиот државјанин бил случајно ранет.
Полицијата на Србија три часа по пукањето во Врачар го уапсиле осомничениот Н.Ѓ. (20), пренесува Блиц.
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград му е одредена мерка притвор до 48 часа.
Да потсетиме, околу 19.40 часот во белградската населба Врачар, на аголот на улиците Максим Горки и Цар Николај имло престрелка во која се ранети две лица. Еден од ранетите е македонскиот државјанин Д.Л. кој бил ранет во грбот. Второто лице по кое било пукано, А.П. (26) бил ранет во натколеницата. Истрагата треба да утврди дали македонскиот државјанин случајно се нашол на местото на пукањето и бил погоден.