More

    Македонскиот дипломатски синдикат го критикува недомаќинското работење во амбасадите

    spot_img

    Македонскиот дипломатски синдикат реагира на вчерашната дебата во врска со закупувањето на посебна Резиденција за амбасадорот во Вашингтон, САД.

    „Зградата на македонската амбасада во Вашингтон беше вселена во ноември 2005 година. Согласно архитектонскиот планот, одобрен од тогашната министерка, на последниот, втор кат на зградата беше уредена Резиденција за амбасадорот. Идејата беше покрај заштедување средства за изнајмување Резиденција, новата амбасада да добие на тежина и значење со тоа што внатре би била и Резиденцијата на амбасадорот. Така, сите три претходни амбасадори на Македонија во САД престојувале во Резиденцијата цел мандат, без исклучок. Впрочем, Резиденцијата во Амбасадата е и регистрирана како таква во службата за Протокол на Стејт Департмент на САД. Оправдувањето на МНР дека Резиденцијата во амбасадата била зафатена од друг дипломат, не држи вода. Имено, во дворот на амбасадата, Македонија има уште два стана за дипломати, од кои еден подолг период е празен. МНР тоа го премолчува. Дипломатот, кој за неколку недели секако се враќа во Македонија лесно можел за краток период да се префрли од Резиденцијата во празниот стан, особено бидејќи бил запознаен со тајмингот на пристигнувањето на амбасадорот Попов“, се вели во реакцијата.

    Но, тоа не било сторено, додаваат оттаму, како резултат на очигледната желба на амбасадорот да живее надвор од амбасадата и поддршката од министерот Османи кој го имал последниот збор, без оглед на тоа што таквата желба ја чини државата значителни дополнителни средства.

    „Ова е само кулминација на недомаќинското работење на раководството на МНР. Ќе потсетиме дека во периодот 2019-2020, двајца вршители на должност од МНР во НАТО престојувале во амбасадорската Резиденција во Брисел, без оглед што нивниот лимит за станарина е двојно помал од рентата за амбасадорска Резиденција. Но за тоа потоа. Сите ќе си бидат повикани на одговорност за злоупотреба на службена должност“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img