Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски и неговата компанија за спортска опрема „Џамперс ворлд“ (Светот на скокачите) потпиша партнерски договор со атлетскиот клуб Црвена Звезда

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски и неговата компанија за спортска опрема „Џамперс ворлд“ (Светот на скокачите) потпиша партнерски договор со атлетскиот клуб Црвена Звезда, пренесува Телма.

Атлетичарите на српскиот тим во следните две години ќе носат опрема креирана од македонскиот репрезентативец, кој пред извесно време ја промовираше својата компанија на светската сцена.

– Навистина сум среќен што мојата компанија ‘Џамперс ворлд’ потпиша двегодишно партнерство со атлетскиот клуб Црвена Ѕвезда. Оваа соработка е значаен чекор напред за нас, бидејќи ги здружуваме силите со еден од најпрестижните клубови во регионот, подржувајќи ги неговите атлетичари со опрема со премиум квалитет – вели Трајковски.

Тој вели дека „ова е само почеток и се надевам дека и македонскиот национален тим ќе го види потенцијалот за вакво возбудливо партнерство“.

Трајковски е национален рекордер во скок во далечина со 7,91 метри и ја претставуваше Македонија на изминатото Европско првенство во Рим.

Share This Article