Македонски рапер Христијан Тасковски, познат за јавноста како Таско синоќа околу 22 часот бил уапсен од полицијата во еден познат трговски центар во Скопје.
Дел од медиумите ја пренесуваат веста која ја објавил неговиот брат Борис на социјалните мрежи:
„Сакам да ве известам дека мојот брат вчера е уапсен во еден наш трговски центар поради негова наводна вмешаност во криминална група. Пред малку успеав да се слушнам со него и ми кажа дека му е одземен мобилниот телефон. Ова е последна слика што ја направил наш заеднички другар што бил со него околу 22 часот… Се надевам дека наскоро ќе добијам повеќе информации и дека за кратко ќе биде ослободен“, стои во објавата на Борис Тасковски.