Светски познатиот генетичар Тодор Арсов кој предава на универзитетот Гоце Делчев во Штип објавува бајковидни и несекојдневни фотографии од Македонија на социјалните мрежи. На последната објава можат да позавидат и врвни фотографии.
„Ново Село, видено од Исарот”, напиша професорот Арсов.
Арсов на пошироката македонска јавност ѝ стана познат по научниот метод кој од затвор спаси Австралијанка која беше осудена за убиство на своите 4 деца. Професорот и негови соработници со помош на специјална метода утврдија дека децата починале од генетски феномен по што мајката по долги години в затвор беше ослободена.