More

    Македонски камионџија доживеал несреќа во Германија

    spot_img

    Тешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот А3 во близина на германскиот град Еркрат кога се судриле два камиона, а еден од двајцата возачи, државјанин на Македонија, со возило на брза помош бил пренесен во болница, објавија германските медиуми.

    Според првите наоди на истрагата, 43-годишен возач на камион со приколка од Турција се движел со возилото по десната лента. Поради застој во сообраќајот, тој морал да закочи, но возачот на камион тежок 18 тони од Македонија што се движел веднаш зад него, не можел да запре навреме и удрил во полуприколката пред себе.

    Возачот на камионот со приколка бил неповреден, а 48-годишникот од Македонија завршил в болница.

    Сообраќајот бил привремено регулиран повеќе од пет километри. Полицијата од Диселдорф ја проценува материјалната штета на 100.000 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img