Македонски гастарбајтер поради шверц ќе плати 13.272,00 евра во Хрватска

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Цариници на Службата за мобилни единици Осијек, со засилени мерки за надзор на граничниот премин Товарник, спречија обид за шверц на цигари и алкохол сокриени во патничко возило со странски регистарски таблички, соопшти Царината, пренесува Индекс.хр.

– Спроведување засилени мерки за надзор на граничниот премин Товарник при влез на царинско подрачје на Унијата, царинските службеници од Секторот за мобилни единици, подрачни единици – служба за мобилни единици Осијек за контрола издвоија лично возило со швајцарски регистарски таблички управувано од граѓанин на Македонија – пишуваат тие.
– Од детален преглед на наведеното возило со употреба на опрема од програмата Херкул III, во просторот на резервното тркало се пронајдени 6.600 парчиња цигари Вест Силвер, 4.000 парчиња цигари Jade La Rose и 9,7 литри ракија, стока за која увоз пропишани се забрани и ограничувања, а кои возачот се обидел да се прикрие на територијата на Унијата – додаваат оттаму.

– Пронајдената стока е одземена, а на возачот изречена е глоба во износ од 13.272,00 евра. Акцизата за цигари е пресметана и наплатена во износ од 1.419,13 евра – се вели во соопштението.

фото: Царинска управа – Хрватска

Share This Article