Македонски државјанин е убиен со колец во Сончев Брег, јавуваат бугарските медиуми повикувајќи се на информации од полицијата.
Како што пишува бугарско Утро, вчера околу 11 часот, регионалната канцеларија на Несебар добила порака дека машко тело со видливи повреди на главата е пронајдено во шумски предел до ресторанот „Бацвата“ на Сончев Брег, Запад.
По увидот на полицијата било констатирано дека телото е на 49-годишен македонски државјанин. Убиството е извршено со бодење со остар колец. Убиениот на 24 јануари влегол во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево. По извршени бројни оперативно-претресни активности и процесно-истражни дејствија, меѓу кои распити, одземање видеоснимки од безбедносни камери, констатирано е дека извршител на убиството е 14-годишно момче од Несебар.
Се истражуваат причините за убиството, а на момчето му е одреден притвор до 24 часа.