Mакедонски автомобилист Игор Стефановски-Иџе ја освои третата европска титула во својата кариерата, а прва по осум години пауза.
Стефановски имаше успешна завршница на последните две трки што се возеа во Бузет (Хрватска) и со тоа ја потврди доминацијата. Тој оствари седум победи на десетте трки што се возеа и супериорно го освои победничкиот пехар во својата категорија
За најдобриот македонски автомобилист ова е трета титула во Европскиот шампионат за ридско-планински трки. Претходно Игор Стефановски – Иџе беше европски шампион во 2014 и 2015 година.
– Трикратен европски шампион за мојата Македонија, за мојот народ. Бидете горди, испишавме нова историја!!! – напиша Стефановски во објавата на социјалните мрежи.