Македонската репрезентација составена од ракометарки до 18 години со пласман на 12. позиција ги завршија настапите на Светското првенство во Скопје

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската репрезентација составена од ракометарки до 18 години со пласман на 12. позиција ги завршија настапите на Светското првенство во Скопје. Попладнево во СЦ „Борис Трајковски“, избраничките на селекторот Љубомир Савевски во меч за 11. место загубија од врсничките од Хрватска со 32:28.

Емилијна Ризоска со девет и Ива Младеновска со пет погодоци беа најефикасни во македонскиот состав, каде Марија Јовановска забележа девет одбрани. Во победничката репрезентација најефикасна беше Анџела Жагор со девет гола.

На Мундијалот вечер на програмата се полуфиналните средби:
Холандија – Данска (18:15 часот)
Јужна Кореја – Унгарија (20:30 часот).

Share This Article