Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за претстојните два завршни натпревари во Скопје во рамки на јунскиот циклус во Ц-дивизијата во Лигата на нации.
По воведното реми (1-1) против Бугарија во Разград и триумфот (2-0) на гостински терен над Гибралтар, избраниците на селекторот Благоја Милевски в четврток ја пречекуваат Грузија, а в недела ги очекува реваншот против Гибралтар.го очекува дуелот со Грузија, истакнувајќи, притоа, дека важен фактор ќе биде заедништвото и тимскиот дух.
– Можеме да победиме против Грузија ако веруваме во себе, во нашиот квалитет, ако веруваме во замислите на селекторот и се разбира, да покажеме желба и борба на мечот во четврток. Знаеме каде се нивните силни страни, но ние сме сконцентрирани на нашата игра, тоа е нешто на кое работиме на тренинзите. Верувам дека заедништво и тимски дух кое сме го покажале досега, повторно ќе ни донесе успех – изјави Ристовски.