Македонската пејачка Каролина Гочева ја претстави својата нова песна „Дај на сунце“, проследена со видео спот, наменета за целиот регионален маркет

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската пејачка Каролина Гочева вечерва ја претстави својата нова песна „Дај на сунце“, проследена со видео спот, наменета за целиот регионален маркет.

Денеска во 19 часот, на својот официјален јутјуб-канал Гочева го објави видеоспотот за новата песна.

Позади песната стои Дино Мухаремовиќ, автор на неколку легендарни песни, како „Додирни ме случајно“ од Масимо Савиќ, додека аранжманот е на Дино Шукало, гитарист во бендот на Дино Мерлин и познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор, информираат од Авалон продукција.

Песната е снимена во Сараево, во неговото студиото Модра Ријека во октомври, а видео спотот е дело на Миомир Милиќ.

Share This Article