Македонската кикбокс надеж ќе се бори за влез во финале

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската кикбоксерка Јадранка Темелкова ја победи Николе Булјан од Хрватска со што обезбеди најмалку бронза на Светското јуниорско првенство во кик бокс во Лидо ди Јесело, Италија.

Темелкова славеше 3-0, со што го обезбеди првиот медал за Македонија на СП. Утре ќе се бори за влез во финалето против Канита Муминовиќ од Босна и Херцеговина.

Од нашиот табор велат дека противничката во сите три рунди не земала ниту еден поен, така што Јадранка убедливо доминирала.

– Темелкова е голема надеж во кикбоксот. Јуниорка која многу ветува. Се бори смирено и паметно. Таа е пример за сите наши борци како се слуша тренер за време на борба од агол, кога и довикува што да изработи. Слуша се што ќе и се каже – вели селекторот Дејан Митровски – Урко.

Share This Article