Македонската фудбалска репрезентација го задржа 68.место на најновата ранг-листа на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). На првата позиција на светската ранг-листа останува актуелниот светски првак Аргентина.
Македонската репрезентација остана на 68. место со идентичен број бодови (1350.53) како и на претходното рангирање.
Најновата ранг-листа на ФИФА не донесе промени во Топ 10. На второто место е Франција, пред Бразил, Англија, Белгија, Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и Шпанија.
Следната ранг-листа на ФИФА ќе биде објавена на 21 септември.
Фото: ФФМ