Македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во вторник во Порто во рамки на финалето од мундијалскиот бараж ќе биде посилна за Елиф Елмас

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во вторник во Порто во рамки на финалето од мундијалскиот бараж ќе биде посилна за Елиф Елмас, кој оцени дека дуелот против Португалија за „црвено – жолтите“ ќе биде досега најтешкиот.

– Нè очекува еден од најтешките и највозбудливите натпревари до сега за сите нас играчи кои сме тука во репрезентацијата. Пред нас се 90 минути во кои можеме да си го исполниме сонот од детството и сонот на целата нација. Знаеме дека оваа шанса не смее да ја пропуштиме и ќе изгинеме на теренот за да дојдеме до Светското првенство во Катар – изјави Елмас.
Играчот од средниот ред очекува дуелот во Порто да биде поразличен натпревар од пресметката против Италија.

– Искрено очекувам поразличен натпревар од тој во Палермо, бидејќи мислам дека Португалија е индивидуално за нијанса поквалитетна од Италија. Би сакал да нè потценат, но мислам дека нема да го направат тоа, бидејќи знаат дека ова е финале и само 90 минути ги делат двете репрезентации од пласман на Светското првенство – додаде Елмас, пред финалето на стадионот „Драгао“ во Порто, во вторник со почеток од 20:45 часот.

Share This Article