Македонија загуби во Букурешт, но обезбеди двомеч со Чешка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонија избори меч во следниот круг од баражот за пласман на Светското првенство (СП) во 2023 година, иако македонските ракометари одиграа полош меч во Романија и загубија со 24-22, но минавме понатаму благодарение на триумфот од првиот натпревар (30-22).

Македонските ракометари имаа добар старт и серија од 3-0, која им донесе водство од 5-2, но Романија се разбуди, па набрзо израмни на 7-7, додека на полувремето резултатот беше 12-12.

Нашиот напад не беше најдобар во второто полувреме, па тоа на средината на вториот дел им дозволи на Романците да создадат предност од 19-16, но Македонија не дозволи сензација, па успешно се бранеше и потоа израмни на 2-21.

Романија во нападот тргна со сите сили и стигна до посакуваната победа од 24-22, меѓутоа тоа не им беше доволно да изборат место во следната фаза и дуел против Чешка.

Најефикасен кај нас беше Лазаров со шест гола од 11 обиди, шест на спротивната страна постигна и Хавиер Хумет кој го пропушти натпреварот во Скопје.

Избраниците на селекторот и капитен, Лазаров првиот меч против Чешка се игра на 13 април во Злин, реваншот е на 17 во Скопје.

Share This Article