More

    Македонија во 2024 година ќе учествува на Евросонг?

    spot_img

    Програмата на Македонската Радио Телевизија во 2024 година ќе биде одбележана и со учеството на Изборот за песна на Евровизија 2024 година каде што ќе бидат презентирани македонските музички вредности преку песната – учесничка на овој фестивал – наведено е на страницата на МРТ, во објавената Предлог програма за работа на ЈРП Македонска радио телевизија за 2024 година. Сепак, оваа Предлог програма треба да биде усвоена од Програмскиот совет на МРТ.

    Исто така, на страницата на јавниот сервис МРТ во Предлог годишна програма за работа на ЈРП Македонска радио телевизија за 2024 година, е наведено дека за годишна членарина во ЕБУ (Европски радиодифузен сојуз) и ЦИРКОМ (Организација под ЕБУ) се предвидени 16 милиони денари, односно околу 260.000 евра. За котизација е наведено дека се предвидени 300.000 денари, односно околу 50 илјади евра.

    Овие пари за членарина во ЕБУ МРТ мора да ги плати, без разлика дали Македонија учествува на Евровизија или не. Со тоа што Македонија не учествуваше на Евровизија 2023, заштеди на парите за котизацијата, како и другите трошоци околу организација на избор на песна за Евровизија, промоција на песната, како и трошоци кои се неопходни за самото учество на настанот.

    Македонија за првпат учествуваше на Евровизија во 1998 година, и првиот претставник беше Владо Јаневски со песната ,,Не зори зоро”. Најголемиот успех го постигна Тамара Тодевска со песната ,,Proud” во 2019 година, кога го освои седмото место на целокупниот пласман и прво место според гласовите од жири комисија.

    Шведска ќе биде домаќин на Евровизија во 2024 година, откако шведската пејачка Лорин по втор пат победи на ланскиот Евросонг кој се одржа во Ливерпул, Велика Британија, со нејзината песна „Тетоважа“. Четири града беа во игра за домаќин, но на крајот беше избран Малме. Полуфиналните вечери ќе се одржат на 7 и 9 мај, а финалето на 11 мај следната година во Арената во Малме.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img