МАКЕДОНИЈА УРНА РЕКОРД ВО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и убедлив рекорд во изминативе дваесет години. Доколку приливот на странски инвестиции продолжи со исто темпо голема е шансата Македонија пр пат во историјата да оствари над милијарда евра странски директни инвестиции во текот на една година, анализира Блумберг Адриа.

Инаку, податоците на Народната банка откриваат дека само во третиот квартал од годинава, приливот на странски директни инвестиции во Македонија достигна 281,6 милиони евра.

Оттаму информираа дека во овој период има зголемени нето-приливи врз основа на меѓукомпанискиот долг (219,5 милиони евра), сопственичкиот капитал (39,9 милиони евра) и реинвестираната добивка (22,2 милиона евра).

 

 

Share This Article