More

    Македонија станува се популарна дестинација за хрватските двојки кои имаат потреба од вештачко оплодување

    spot_img

    Македонија станува се популарна дестинација за хрватските двојки кои имаат потреба од вештачко оплодување. Хрватска нема банка за сперма и јајце клетки за лекување на парови на кои им се потребни донорски гамети за оплодување. Згора на тоа, нивниот увоз од земјите каде што има банки засега не функционира, па хрватските парови бараат спас во странство, пишува Индекс.

    Хрватските парови на кои им е потребна ваква помош затоа одат во други земји кои имаат банки, најмногу во Македонија и Чешка, но и во Шпанија, Белгија и Португалија. Тие често трошат мало богатство на вакви патувања и третмани, особено ако Хрватскиот завод за здравствено осигурување (ХЗЗО) не им ги покрива трошоците.

    Ива и Марко се еден од загрепските парови кои деновиве патува за Македонија за вештачко оплодување.

    -Двапати спонтано забременив, но и двата пати имав спонтани абортуси, така што ми беше дијагностициран таканаречениот Тарнеров синдром, што е име за делумен или целосен недостаток на еден од двата Х-хромозома – изјави Ива за Индекс.

    По двете процедури за ПГД третман во Брисел, на Ива и Марко им било советувано да побараат решение со донирани јајце клетки.

    – Деновиве по втор пат одиме во Македонија на оплодување и пренос на донаторски јајце клетки. Се одлучивме за Македонија затоа што само 50% од нашите трошоци би биле покриени во Брисел. Имено, според законите на ЕУ, една членка на Унијата не може да покрие поголем дел од трошоците во друга членка отколку што таа друга земја покрива за нејзините граѓани. Македонија не е во ЕУ, па ХЗЗО може да ја покрие целата сума – раскажува Ива за процедурата што ја поминале.

    Паровите кои се соочуваат со овие или уште поголеми проблеми во Хрватска се бројни во стотици секоја година. Според податоците на здружението „Рода“, хрватските парови најмногу одат во Чешка, а во последно време и во Македонија.

    – Хрватскиот завод за здравствена заштита (ХЗЗО) во Чешка кофинансира само 1.000 евра, додека процедурата чини повеќе од 5.000 евра. Во Шпанија трошоците се уште поголеми, а ХЗЗО ништо не финансира. Пациентите одат таму бидејќи се шпекулира дека нивната стапка на успешност е највисока во Европа. Тие одат и во Македонија, во која ХЗЗО целосно ја финансира постапката. Затоа, Македонија станува се попопуларна дестинација. Но, дури и во Македонија не се секогаш покриени сите трошоци. Исто така има и одредено патување до Португалија и Белгија – објаснува Бојана Шантиќ, проект менаџер за медицински потпомогнато оплодување во здружението „Рода“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img