Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, во гостувањето на ТВ Сител, посочи дека Македонија располага со доволни количини на брашно и на масло за јадење.
Сепак, тој посочи дека се прават напори за да се зголеми производството на сончоглед.
– Особен фокус ставаме на производството на сончеглед и да ги мотивираме граѓаните со доплнителни мерки да ја произведуваат оваа култура. Покрај леб и брашно да имаме и масло постојано. И сите тука имаме одговорност. Имаме доволно залихи, лично се уверив во тоа. Денеска тргаат пченицата и пченката, а следната недела очекувам и маслото. Оваа недела Србија ја тргна забрната и тој процес започна, во секојдневна комуникација сум со српските власти, следната седница на владата во Србија ќе поминат некои одлуки и ќе обезедиме рафинирано и нерафинирано масло за јадење – изјави министерот за змјоделство, Љупчо Николовски, во вестите на Сител.
Тој посочи дека додека да започне собирањето на домашната пченица, ќе увеземе 100 илјади тони од Србија.
– Владата го донесе планот за производство на храна, а покрај планот мораме да се бориме за граѓаните да не се грижат, да нема паника и да обезбедиме доволни колични на стартешките култури. Еве Србија донесе одлукла за 100 илајди тони пченица, количината е доволна, оти пред нас е собирањето пченица од домашното производство – изјави министерот.
Ние, посочи министерот Николовски, го донесовме интервентниот фонд со 400 милиони денари кој ќе биде 600 милиони до крајот на годината.
– Ова е паралелно со редовните субвенции да го стимулираат производството, но и приносот на житни култури. Инаку, ќе има по 4000 денари за вештачко ѓубриво, за прихрана за пченицата за еден хектар насадена пченица. За сончогледот се добиваат по 2500 денари за ѓубриво по еден хектар. Дополнително ги мотивираме земјоделците да остварат и принос, кај пченицата на остварен принос 4000 килограми по хектар ќе добијат 5700 денари дополнителна субвенција ако се предаде во преработувачките капацитети. Во однос на сончогледот ако остварат приход од 1,5 тони по хектар, добиваат по 5700 денари, а за да се осигураме дека производството ќе оди за масло за јадење тие ќе треба да го продадат на домашните производствени капацитети, рече Николовски.