More

    Македонија ја продлабочува соработката со Естонија и со Обединетите Арапски Емирати

    spot_img

    На вториот ден од 79. Генерално собрание на Обединетите Нации, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари две одвоени средби со шефот на дипломатијата на Естонија, Маргус Цахкна и со министерката за меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати, Реем Ал Хашиму.

    Како што соопшти МНР, на средбата со министерот Цахкна, биле потврдени одличните билатерални односи и волјата на двете страни за продлабочување на соработката.

    „Беше потенциран и заедничкиот интерес за интензивирање на заемните односи, со посебен акцент во областа на економијата, трговската размена, дигитализација и современите технологии. Истовремено, беа нагласени и партнерскиот однос и соработката во рамки на НАТО Алијансата, како и во процесот на нашето пристапување во Европската Унија“, се наведува во соопштението.

    Во рамките на средбата со министерката на Обединетите Арапски Емирати, Ал Хашиму, пак, бил констатиран досегашниот развој на пријателските односи меѓу двете земји, а биле поздравени и економските односи и соработката на мултилатерален план.

    „Соговорниците разговараа и за можностите на унапредување на договорната рамка, како и соработката на полето на културата и образованието. Воедно, беа разменети мислења и за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања и регионални теми“, наведуваат од МНР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img