Македонија изгуби од Украина со 0-2

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската фудбалска репрезентација ги сведе на теорија шансите за пласман на ЕУРО2024, откако попладнево загуби од Украина со 2-0 (1-0) на неутрален терен во Прага во рамки на 6. коло во квалификациската група Ц.

Георги Судаков во 30 минута и Олександр Каравајев во петтата минута од судиското продолжение придонесоа македонските фудбалери да го претрпат третиот пораз во квалификациите и да останат на четвртото место во квалификациската група со седум бодови, три помалку од Украина која изби на второто место, пред вечерашниот дуел на Италија (7 бодови) на домашен терен против Малта.

Македонската репрезентација резервирано го почна дуелот на „Епет Арена“ препуштајќи им ја иницијативата на украинските фудбалери, кои по шансите на Артем Довбјук и Михајло Мудрик, дојдоа во водство по половина час игра, кога ударот на Судаков се одби од телото на Серафимов и заврши во голот.

Примениот гол ги разбуди македонските фудбалери, кои во завршните десет минути од првото полувреме тргнаа поагресивно кон украинскиот гол и не реализираа неколку изгледни шанси за израмнување преку Бојан Миовски, Стефан Ашковски и капитенот Енис Барди.

Македонските фудбалери во ист ритам влегоа во второто полувреме, а најизгледната шанса дојде во 53 минута кога ударот на Дарко Чурлинов на чудесен начин го одбрани Анатолиј Трубин.

На спротивната страна македонскиот голман Столе Димитриевски во неколку наврати со одлични интервенции ја зачува својата мрежа, но беше немоќен да го спречи Каравајев длабоко во судиското продолжение да стави печат на украинскиот триумф.

Македонската репрезентација во вторник во Струмица ја пречекува Ерменија во пријателски натпревар, а евроквалификациите ќе ги заокружи идниот месец против Италија во Рим на 17 ноември и против Англија во Скопје на 20 ноември. ег/цр

Share This Article